Струга Трим Лум ја оствари првата победа во новата сезона од Првата фудбалска лига. На домашен терен стружани славеа минимално (1-0) против Пелистер. Стрелец на победничкиот гол беше Емир Скендери во 60.минута.
Тренерот Срѓан Захариевски вели дека триумфот на Струга ТЛ е апсолутно заслужен.
„Мислам дека заслужено стигнавме до трите бода. Бевме подобар ривал, имавме посед на топката, го баравме тој прв гол и успеавме да го постигнеме преку Емир Скендери кој во последниот период игра во одлична форма. Важно е кога се победува, а сега немаме многу време за радост, затоа што веќе в среда не очекува ново првенствено искушение“, изјави Срѓан Захариевски.
Струга Трим Лум в среда му гостува на Работнички во Скопје во третото коло.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski