Струга Трим Лум оствари уште една убедлива победа (0-3) против Академија Пандев во Струмица и потврди дека оваа сезона тимот е подготвен да се бори и за шампионската титула. Тренерот Срѓан Захариевски не ја крие радоста по најновиот триумф, шести последовен од стартот на шампионатот.
„Тоа беше еден многу квалитетен натпревар за наши услови, во кој и двете екипи ја посакуваа победата. Моите играчи играа многу ангажирано и успеаја да искористат дел од шансите и мислам дека заслужено победивме и на овој натпревар”, изјави Захариевски.
Струга ТЛ е на врвот на табелата со максимални 18 бода по шест кола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













