Струга Трим Лум стигна и до осмата победа од стартот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Тимот на Срѓан Захариевски славеше со 2-0 против Тиквеш на домашен терен во осмото коло и цврсто го држи врвот на табелата со максимални 24 бода.
„Победивме еден многу квалитетен тим. Многу тежок натпревар, во кој победата ни беше императив за да го заокружиме на најдобар начин овој циклус. Во таков натпревар правевме и доста грешки, но сепак дојдовме до победата над еден навистина незгоден противник”, изјави Захариевски.
Стружани веројатно ниту во најоптимистичките планови немаа зацртано дека по осум кола ќе забележат осум победи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













