
Подготвувајќи се за настапот и во квалификациите за Лигата на Европа, Ренова на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига на домашен терен го пречекува тимот на Струга Трим Лум.
Бујар Ислами е задоволен од текот на подготовките на „гипсарите“. Шефот на стручниот штаб на Ренова верува дека неговиот тим ќе одигра квалитетен дуел со стружани, кои минаа низ одлични подготовки, посакувајќи бодовите да останат во Тетово.
Од друга страна, во таборот на Струга ТЛ со максимален респект кон противникот пристапуваат кон натпреварот, но знаат дека може рамноправно да парираат на Ренова.
„Ренова е искусен тим составен од фудбалери со долгогодишен стаж во Првата лига. Годинава ќе играат и во Европа, што доволно говори за нивниот квалитет. Ние ќе го респектираме секого, но создаваме екипа која што ќе може да се носи со секој ривал во Првата лига“ – вели стратегот на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски.
ПМФЛ – 1. КОЛО (денеска, 17:30 ч.)
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Скопје: МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РАБОТНИЧКИ
Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
Битола: ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – БОРЕЦ 0-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
