Поранешниот македонски репрезентативец Срѓан Захариевски е новиот шеф на стручниот штаб на прволигашот Струга Трим Лум.
По заминувањето на Јетон Беќири, раководството на Струга ТЛ се одлучи на тренерската функција да го именува 46-годишниот Захариевски чија официјална промоција, како што дознаваме, се очекува во текот на денешниов ден.
Захариевски, кој како фудбалер има настапувано за Силекс, Вардар, Тетекс и Металург во домашното првенство, но и германскиот Штутгарт, во тренерската кариера досега ги предводеше екипите на Металург и Пелистер. Има и 22 настапи во националниот дрес на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













