
Струга Трим Лум со реми (1-1) против Македонија ЃП на домашен терен го отвори пролетниот дел од првенството. Марјан Алтипармаковски успеа да спаси бод во 85.минута, откако гостите поведоа преку Личина на стартот на вториот дел од мечот.
Тренерот Срѓан Захариевски вели дека ремито е најреален епилог според случувањата на теренот.
„Еден многу тежок и тврд натпревар, каде бодовите беа императив и за двете екипи. Не беше добар натпревар за око, но сепак одигравме еден многу динамичен натпревар, со многу борба, картони, и во еден таков тврд натпревар поделбата на бодовите беше реален епилог“, изјави шефот на стручниот штаб на Струга Трим Лум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
