Заедно до победа. Цела Македонија денеска конечно е сплотена и ќе ја бодри фудбалската репрезентација во обидот да испише нова историја и да обезбеди пласман во баражот за Светското првенство во Катар. Потребна е победа над Исланд за Македонија да ја потврди втората позиција која ја има во овој момент и да биде меѓу 12-те селекции кои преку дополнителен бараж ќе се трудат да се најдат на следниот мундијал.
Во собекувалната се е веќе под конец. Дресовите и останатиот дел од спортската опрема ги чекаат фудбалерите кои за околу половина час треба да пристигнат на арената „Тодор Проески“.
Македонските репрезентативци ќе имаат поддршка и од околу 17.000 фанови. Стадионот е распродаден, но со половина од капацитет поради ковид-протоколите. Сепак, тоа ќе биде повеќе од потребна поддршка за нашиот национален тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski