
Пласманот на Борусија Дортмунд во финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид на „Вембли“ логично предизвика огромна еуфорија кај навивачите на „жолто-црните“, објавија медиумите во Германија.
Борусија Дортмунд потврди дека во клубот примиле речиси 400.000 барања за билети од поддржувачи кои сакаат да присуствуваат на големиот натпревар на 1 јуни.
Ова е околу 16 пати повеќе од максималниот број на навивачи на Борусија Дортмунд дозволен на стадионот. За германските навивачи ќе бидат дозволени околу 25.000 билети.
Навивачите на Борусија Дортмунд се познати по својата неверојатна верност кон клубот, а финалето на ЛШ сигурно е натпревар на кој секој сака да присуствува.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal