
Водечкото трио Шкендија, Македонија ЃП и Шкупи како предвреме да заминаа на одмор, па загубија во последното есенско коло, и тоа сите како домаќини. Шкендија загуби со 0-1 од Пелистер, со голот од пенал што го постигна Биорче Маневски во 90.минута од мечот. Имаше многу полемики од домашните фудбалери дали Јан Кривак играше со рака, но, сепак, Мечкаровски остана на својата одлука.
Струга Трим Лум ги однесе бодовите од Скопје совладувајќи го Шкупи со 1-2. Клисман Цаке во 55.минута донесе предност, Дијак Ламине израмни во 69.минута, а Абдулхади Јахја, како и во минатото коло, беше таличен и донесе триумф за стружани во 82.минута.
Ренова славеше во Ѓорче Петров против Македонија ЃП со 2-3. Сухељ Мухарем го отвори резултатот во 39.минута, откако „гипсарите“ и претходно не искористија неколку можности. Ермедин Адем израмни во 52.минута, а Фернандо Араухо направи пресврт во 70.минута. Но, тоа не беше крај на возбудувањата. Ремзифаик Селмани постигна гол за 2-2 само една минута подоцна, а Шефит Шефити донесе победа за Ренова.
Лука Станковски повторно е херојот на Работнички. Тој беше двоен стрелец за „романтичарите“ во победата од 2-1 против Борец. Велешкиот тим поведе со голот на Никола Прелчец во 12..минута, но Лука Станковски израмни само три минути подоцна. Тој постигна и победнички погодок во 71.минута.
Академија Пандев оствари многу важен триумф против Силекс во Кратово (1-2). Кристијан Трапановски во 22.минута донесе водство, а Кристијан Велиновски во 54.минута го удвои. Силекс успеа да стигне до почесен погодок во 75.минута преку Иван Ивановски.
Вардар лесно ја освои Струмица и славеше 0-3 против Беласица. Мартин Мирчевски уште во првата минута донесе предност, а на стартот на вториот дел погодија и Андреј Стојчевски и Матеј Цветановски.
РЕЗУЛТАТИ ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 0-1
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР 0-3
РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 2-1
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ 1-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА 2-3
СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Тешка повреда за Кристијан Велиновски во Азербејџан

Евро-фудбал
Шевченко ќе го замени Пиоли на клупата на Милан?

Интернационалци
Мирсад Јонуз е нов тренер на Лирија Призрен

Интернационалци
Тешка повреда за Кристијан Велиновски во Азербејџан
