Беласица со минимална победа (1-0) над Детонит Плачковица во дербито на колото на „Благој Истатов“ во Струмица, се искачи на врвот од табелата во Втората македонска лига.
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме. Во 36. минута Коцев поведе брза акција и упати удар, кој го одбрани голманот на гостите, но топката заврши пред Спиркоски, кој рутински ја смести во мрежата за 1-0.
Струмичани имаат три победи и едно реми во досегашните четир кола. Со вкупно десет освоени бода, тимот на Беласица е лидер заедно со Брегалница, Шкендија Арачиново и Кожуф.
Во следното коло, Беласица ќе гостува кај Саса, додека Детонит ќе игра на домашен терен против Шкендија Арачиново.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













