Connect with us

Втора лига Запад: Вардар и Комити на гости во Тетово, Силекс ја пречекува Беса

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска (14 часот) има „братско“ гостување во Тетово. Но, Тетекс најавува битка за бодови на теренот иако пречекот ќе биде срдечен. Тренерот Славчо Георгиевски вели дека ова е дерби на македонски великани, кои, за жал, сега се дел од второлигашка конкуренција.


„Ова е дерби на два македонски великани, штета што е во Втората лига. Ние од натпревар во натпревар одиме да победуваме и да бидеме горе на табелата. Минатиот меч не ни дозволија да победиме, судиите ни ја одземаа победата. За дуелот со Вардар очекувањата се исти, сакаме позитивен резултат. Натпревар против најтрофејниот колектив е предизвик за сите“, вели Георгиевски.

Вардарци се подготвени за нов триумф, го потенцира тоа тренерот Никола Глигоров.

„Одиме на гости кај Тетекс, се работи за екипа која ја респектираме, но не бегаме од улогата на фаворити. Не очекува еден тежок натпревар, сигурен сум во тоа. Се надевам дека ќе има и убава наивачка атмосфера. Тетово е фудбалски град, кога и да доаѓа Вардар е фешта“, вели Глигоров.

Силекс сака да се врати на победнички патеки и денеска во Кратово ја пречекува Беса. Кадино е домаќин на Велешта, ќе биде интересно во охридската пресметка, се среќаваат Охрид Лихнидос и Воска Спорт, а Гостивар ќе го пречека тимот на Кораби.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement

Facebook

Тимови