
Фудбалерите на Струга Трим Лум го освоија Гостивар (1-2) и ја комплетираа есенската полусезона како лидери во Втората лига Запад со 28 бода. Во моментот имаат четири бода предност пред Лабуништа, која утре ќе го одигра последниот меч од оваа полусезона, на домашен терен против Гоблен јуниор.
Нијас Лена од пенал во 16.минута и Алтин Лога во 35.минута донесоа водство од 0-2 за стружани на полувремето, а Гостивар успеа само да намали во вториот дел, со голот од пенал на Лавдрим Скендери во 52.минута.
Пелистер го совлада Тетекс со 1-0, со голот на Филип Бошковски во 57.минута од натпреварот. Велазерими и Скопје одиграа меч без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
