ФК Скопје убедливо го совлада Гостивар со 4-0 и на доминантен начин ја освои есенската титула во Втората лига Запад. Тимот на Љупчо Марковски покажа дека во моментот е најквалитетен во западниот второлигашки корпус и заслужено ќе презими на врвот. Во моментот има седум бода предност во однос на Велешта и девет во однос на Гостивар.
Во дерби на колото во Автокоманда, Скопје го растури Гостивар со 4-0. Ѓурчиновски беше двоен стрелец, а во листата на стрелците се запишаа и Ајрулаху и Јаневски. Велешта оствари минимална победа на гости против Дрита со 0-1 и се искачи на второто место на табелата.
Охрид Лихнидос со голот на Шериф Реџепи во 41. минутуа славеше на гостувањето кај Вардар Форино со 0-1, а Ујкан Муча донесе победа за Кораб на гости кај Кадино.
Тетекс славеш со 0-2 на гости кај Велазерими со головите на Лазар Пеев во 15. минута и на Никола Димовски во 62. минута.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski