Фудбалерите на Пелистер го доживеаја вториот пораз сезонава. Во 10. коло од Втората лига – Запад, „пелистерци“ загубија со 3-2 на гостувањето од Вардар Форино, па сега се само со два бода предност на врвот од второпласираната Лабуништа.
Пелистер имаше водство од 0-1 преку Бујчевски од 20. минута, но домашните стигнаа до пресврт од 2-1 со головите на Аријан Ејупи и Екрен Мемеди. Битолчани израмнија преку Сашо Шопоски во 63. минута, но Екрен Мемеди со својот втор гол во 66. минута донесе триумф за Вардар Форино.
Лабуништа убедливо со 5-2 победи против Кадино. Хасан, Кадриоски, Зиба, Далчески, во два наврати, и Шерифи беа стрелци за Лабуништа, а Марио Благојевски и Дарио Десниќ од пенал беа стрелци на головите за Кадино.
Велазерими убедливо со 3-1 славеше против Охрид со головите на Мемеди, Адили и Дани, сите три во второто полувреме. Димитар Кочески во 88. минута беше стрелец на единствениот гол за Охрид.
Гостивар победа на гостувањето против Дрита со 0-1 со голот на Шериф Реџепи во 38. минута од натпреварот.
Скопје победи против Кораби со 1-0, а стрелец на единствениот погодок на мечот беше Филип Петковски во 30. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 10. КОЛО
Велазерими – Охрид 3-1
Дрита – Гостивар 0-1
Скопје – Кораби 1-0
Вардар Форино – Пелистер 3-2
Лабуништа – Кадино 6-2
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski