Пелистер е есенскиот шампион во Втората лига – Запад откако во последното коло славеше на гостувањето против Гостивар со 0-2. Филип Бошковски во 20. минута и Благојче Главевски во 45. минута донесоа победа за Пелистер.
Лабуништа изненадувачки загуби со 1-0 на гостувањето против Дрита Боговиње. Стрелец на победничкиот гол за домашните беше Албин Рамадани во 69. минута од натпреварот.
Скопје убедливо со 3-0 славеше против Вардар Форино. Рафески во 24. минута, Мустафа Јусуф во 40. минута и Филип Петковски во 75. минута беа стрелци на головите за Скопје.
Охрид победи против Кадино со 3-2, а Велазерими славеше против Кораби со 1-0 со голот на Рихан Зекири во 85. минута.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД, 14. КОЛО
Охрид – Кадино 3-2
Велазерими – Кораби 1-0
Гостивар – Пелистер 0-2
Дрита – Лабуништа 1-0
Скопје – Вардар Форино 3-0
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski