Connect with us

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Охрид ги тестира турбуленциите во Гостивар

Лидерот на Запад, тимот на Гостивар, денеска (13.30 часот) има непријатно гостување крај Охридското езеро. Турбуленциите кои имаат гостиварци во изминатиот период ќе бидат на сериозна проверка против составот на Охрид Лихнидос. Сепак, Гостивар сака да ја задржи првата позиција и сигурно ќе атакува на триумф на ова гостување. 

Скопје е два бода зад Гостивар на врвот на табелата, а денеска исто така има сериозно искушение. Оди на гости кај Велазерими кој игра одлично на домашен терен. Неизвесно ќе биде и на останатите мечеви. Во Дебар, Кораби го пречекува Тетекс, Кадино е домаќин на Велешта, а Вардар Форино ќе ги одмери силите со Дрита. 

  
  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови