Силекс ќе го празнува враќањето во елитата, а жестоката трка на Воска и на Вардар денеска ќе ја има својата разрешница. Само за еден тим ќе има место во баражот за пласман во Првата лига, а треба да ја освои втората позиција во Втората лиза Запад. Воска или Вардар, дојде моментот на вистината…
Воска денеска (17 часот) му гостува на новиот прволигаш Силекс во Кратово и сака да остане непоразена за да ја оствари целта и да испише нова историја на клубот. Со бод, охридскиот тим ќе го освои второто место и ќе игра во баражот за пласман во елитата.
Вардар се надева дека Силекс ќе ја победи Воска и со триумф против Кораби во Дебар да се протне до баражот во последното коло. Тензијата е голема, убедувања, планови, „понуди“…
Охрид на домашен терен го пречекува Тетекс и со триумф ќе избори опстанок, а Кораби се надева на пораз на охриѓани и свој триумф против Вардар. Велешта и Кадино нема да бидат дел од единствената Втора лига следната сезона.
Беса го пречекува Кадино, а Велешта ќе биде домаќин на Гостивар.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












