
Екипата на Гостивар е без конкуренција главниот фаворит за првото место сезонава во Втората лига – Запад која стартува денеска со натпреварите од 1. коло.
Показател плус за фаворитската улога на гостиварци се и седумте супер-засилувања во летниот преоден рок кои јасно ја потврдуваат желбата за доминација на Западот во второлигашката конкуренција. Напаѓачот Христијан Кировски кој пристигна од Струга ТЛ, Трајче Стојковски од Борец, Иван Настевски од Брегалница, Ардит Зеќири од Дрита, Петар Љамчевски од Лабуништа, Алмир Реџепи од Шкендија, како и голманот Марко Јовановски кој пристигна од Македонија ЃП се новите засилувања со кои Гостивар веќе размислува на Првата лига.
Гостиварци новата сезона ја отвораат денеска на домашен терен со дуелот против Охрид. И охриѓани во летниот преоден рок ги засилија своите редови доведувајќи ги Николче Симоновски од Струга ТЛ, Един Мерсовски и Фатмир Ариф од Кораб, Оливер Митрески од Лабуништа, Оливер Дишлиевски од Скопје и Ајрадин Цуцули од Велазерими.
Во новата сезона во Втората лига се враќа и екипата на Тетекс, кој се фузираше со Лабуништа, па до крајот на годината ќе настапува под името Лабуништа-Тетово. Тетекс за престојната сезона се засили со Мирослав Јовановски, Бојан Тимевски, Љавдрим Скендери, Кристијан Ристовски, Иљаз Челафи, Меритон Салии, Борјан Панчевски и Никола Димовски.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (1. КОЛО, денеска, 17 ч.)
Гостивар – Охрид
Велешта – Кадино
Дрита – Вардар Форино
Скопје – Велазерими
Лабуништа – Кораби

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Евро-фудбал
Бешикташ го купува Давид Алаба?

Интернационалци
Трабзонспор отвора врата за трансфер на Столе Димитриевски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола
