Connect with us

Втора лига: Воска убедлива против Тетекс, за плус три во однос на Вардар

Воска спорт се зацврсти на врвот на табелата во Втората фудбалска лига откако во 24. коло триумфираше убедливо со 0-4 на гости против Тетекс. Сега Воска Спорт има три бода предност пред Вардар на врвот и четири бода пред третопласираниот Гостивар.

Иљаз Чилафи и Аљбин Рамадани, Ален Јашароски и Ујкан Муча беа стрелци на головите за тимот на Воска.


Пелистер со убедливи 4-0 го победи Борец, а Слога Виница со 2-3 триумфираше на гостувањето против Беласица. Спиркоски беше стрелец на хет-трик за „пелистерци“, а стрелаше и Љамчевски.


Арсими ја победи Каменица Саса со 2-1, а Детонит и Караорман одиграа натпревар без голови. Охрид и Локомотива одиграа 1-1, додека Кожуф ја совлада Беса со 2-0.

Вчера, Вардар и Гостивар во Скопје одиграа 0-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови