Воска Спорт ја задржа предноста на врвот во Втората фудбалска лига на Македонија откако го победи Кожуф на гости со 1-2. Бехар Фета беше стрелец на водечкиот гол за гостите од Охрид. Во вториот дел Христијан Бејков си постигна автогол, а надежта за Кожуф ја врати Михаил Попов. Сепак, Воска стигна до минимален, но заслужен триумф.
Гостивар и понатаму е второпласиран, по триумфот над Арсими (0-2) на гостински терен со головите на Симеон Христов и на Антонио Каланоски.
Вардар славеше со 3-0 против Слога Виница, со головите на Жоглев, Николовски и на Митев.
Пелистер го победи Караорман со 2-0, а Тетекс оствари важен триумф над Беласица од 3-2. Јусуф Мустафа, Емил Скоко и Даниел Николовски стрелаа за „текстилците“.
Локомотива Пехчево со 0-3 славеше против Борец во Велес. Охрид беше подобар од Беса со 2-1, а Детонит Плачковица ја декласира Каменица Саса со 5-1.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski