Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе гостува во Струга и се надева дека ќе освои три бода против Караорман, во петтото коло од Втората фудбалска лига. Тимот на Бобан Грнчаров го „мерка“ врвот и може да стигне таму доколку стигне до триумф.
Пелистер сака да се опорави од поразот од Гостивар, а за тоа е потребна добра игра и позитивен резултат на денешното гостување во Охрид.
Детонит Плачковица е домаќин на Аресими, а Каменица Саса ќе ја пречека Беласица.
Кожуф е фаворит на гостувањето во Велес против Борец, кој многу слабо ја почна сезоната.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 5.КОЛО (денеска 15 ч.)
ОХРИД – ПЕЛИСТЕР
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – АРСИМИ
БОРЕЦ – КОЖУФ
КАРАОРМАН – ВАРДАР
ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – ТЕТЕКС
КАМЕНИЦА САСА – БЕЛАСИЦА
БЕСА – СЛОГА ВИНИЦА
ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ 2-2 (вчера)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski