Вардар оствари триумф (3-0) над Каменица Саса и го задржа лидерското место на табелата во Втората фудбалска лига. Тимот на Бобан Грнчаров поведе со голот на Дарио Десниќ во 16.минута, а во второто полувреме Размоски и Митев се погрижија за убедлива победа.
Гостивар со идентични 0-3 славеше против Беласица во Струмица. Антонио Каланоски го постигна водечкиот гол, а потоа стрелаа и Емран Рамадани и Филип Петковски.
Воска Спорт забележа гостински триумф (1-3) кај Слога Виница (1-3). Капитенот Изаир Емини беше двоен стрелец за Воска, а првиот погодок го постигна Џемил Јахији.

Пелистер славеше против Детонит Плачковица со 2-0. Петар Љамчевски во 57.минута донесе предност за „зелените“, а Љавдрим Фазлију го постави конечниот резултат во 79.минута од дуелот.
Охрид на домашен терен го победи Борец со 2-0, а Тетекс загуби дома од Беса со 1-2.
Арсими го совлада Караорман со 3-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













