
Брегалница и Македонија ЃП го одиграа дербито на денот во Втората лига, но без победник – натпреварот заврши 0-0. Двете екипи имаа свои шанси, но не успеаја да ги искористат и ги поделија бодовите.
Ниту Башкими не ја искористи шансата да се доближи до врвот, бидејќи изненадувачки загуби на гостувањето кај Осогово во Кочани (1-0). Киксна и Арсими, кој одигра без голови против Детонит Плачковица.
Во борбата за опстанок, Вардар Неготино запиша голема победа над Борец (1-0) и е чекор поблиску до обезбедување опстанок. Слично, и Победа освои важни три бода на гостувањето кај Вардарски (0-1).
Кожуф и Беласица одиграа нерешено (1-1), додека дуелот меѓу Саса и Новаци заврши без голови (0-0). ГФК Охрид пак забележа важна победа на гостувањето кај Скопје (1-2).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам

Евро-фудбал
Арне Слот: Многу ни беше потребна оваа победа
