
Македонија ЃП е есенски првак во Втората лига откако славеше против Беласица во Струмица со 0-4. Овој меч започна со задоцнување од половина час поради теренот на кој имаше премногу вода и мораше да се интервенира.
Симеон Христов беше двоен стрелец, Крсте Велкоски погоди од пенал, а триумфот го потврди Марио Станковски. „Лавовите“ ја зголемија предноста на врвот на табелата за крај на есента.
Башкими ја победи Брегалница со 2-1 во Куманово и се наметнува како сериозен кандидат за пласман во елитата. Кумановци поведоа со голот на Хамза Меметриза во 43. минута од средбата, а на 2-0 зголеми Хусеин Демири во 50. минута од натпреварот. Стрелец на голот за Брегалница беше Давид Калпачки во 64. минута.
Арсими оствари убедлива победа од 5-1 над Вардар Неготино, додека Охрид славеше дома со 4-1 против Борец.
Вардарски во Богданци триумфираше со 2-1 против Осогово, а Новаци и Кожуф ремизираа без голови. Немаше голови и на дуелот меѓу Победа и Детонит Плачковица.
На натпреварот Каменица Саса и Скопје дојде до немили сцени крај теренот и е прекинат при резултат 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
