
Во градската пресметка Македонија ЃП во Ѓорче Петров успеа да слави со минимален триумф од 1-0 над тимот на Скопје. Натпреварот долго време беше без голови, а гостите одлично се бранеа и му парираа на фаворитот. Но, нивната цврста одбрана попушти во 74. минута, кога Марио Станковски, по одлично нафрлување од Стоилов, ја затресе мрежата. Тој погодок се покажа како пресуден, бидејќи до крајот на мечот резултатот остана непроменет.
Арсими славеше домашна победа над Осогово со 3-1. Иако гостите долго време пружаа отпор, Арсими ја презеде иницијативата во второто полувреме и ја потврди својата надмоќ.
На дуелот во Штип, Брегалница и Детонит Плачковица одиграа 1-1. Радовишани први стигнаа до водство благодарение на погодокот на Александар Смилков во 13. минута, кој ја искористи грешката на домашниот голман. Но, „сините“ се вратија во игра преку капитенот Давид Калпачки во 35. минута. И покрај тоа што имаа повеќе од играта во продолжението, Брегалница не успеа да сврти резултатот во своја корист.
Во Куманово, Башкими неочекувано загуби два бода на домашен терен играјќи 0-0 против Новаци. И покрај обидите од двете страни, мрежите мируваа до самиот крај.
Беласица го победи Вардарски со убедливи 4-1, а Борец славеше против Кожуф со 2-1. Охрид исто така со 2-1 го доби дуелот против Каменица Саса, а Победа загуби дома (0-1) од Вардар Неготино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
