Тиквеш сака да го победи главниот ривал среде Штип и да се врати во игра за првото место на табелата во Втората лига Исток. По „киксот“ на домашен терен против Кит Го, сега Брегалница им побегна пет бода на кавадарчани. Останаа и без тренерот Раде Цицмиловиќ кој поднесе оставка по тој пораз.
Но, штипјани имаат друг план. Со триумф ќе побегнат на +8 и ќе имаат навистина топла зима во трката за првата позиција и пласманот во елитата.
Кит Го осоколен по победата над Тиквеш на домашен терен ја пречекува Каменица Саса, а интересна ќе биде и локалната пресметка меѓу Слога Виница и Осогово. Росоман е домаќин на Плачковица, додека Победа ќе ги одмери силите со составот на Кожуф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер Мајами го доведе Серхио Регилон
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













