Победа Прилеп е новиот лидер во Втората лига Исток откако на домашен терен го совлада Кожуф со 3-1. Прилепчани го искористија „киксот“ на Слога Виница во Кочани.
Даниел Карчески и Игор Момировски донесоа водство за Победа од 2-0 по првиот дел, а Славе Танов нанали во 60.минута, но Давид Јошески во финишот го потврди триумфот на прилепскиот состав.
Осогово одигра одличен меч и го декласира досегашниот лидер Слога Виница со 3-0. Иван Мицевски беше двоен стрелец, а погоди и Тоше Манов.
Беласица го совлада Братство со 2-0, откако уште на стартот поведе со голот на Александар Милушев, а и Детонит Јуниор го изненади Кит Го о славеше со 1-0. Дени Андонов во 90.минута погоди за домаќинот. Локомотива и Каменица Саса ремизираа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













