
Лидерот на табелата во Втората лига Исток, тимот на Слога Виница не успеа да го продолжи победничкиот чекор. Составот на Никола Кузманов ремизираше 1-1 против Детонит јуниор на домашен терен. Христијан Крклински во шестата минута донесе предност, но израмни Петар Левков во 64.минута. Во финишот Слога остана и со играч помалку поради исклучувањето на Давид Димитров.
Победа оствари важен триумф (1-3) на гости против Осогово. Давид Јошески погоди уште во втората минута, но Осогово израмни преку Тоше Манов во 57.минута. Сепак, Победа брзо реагираше и обезбеди нова предност со головите на Филип Стомнароски и на Бојан Спиркоски.
Каменица Саса и Беласица ремизираа без голови, а Братство беше убедлив (4-1) против Локомотива. Еркан Шаип постигна хет – трик за домашниот тим.
Кожуф го совлада Кит Го со 2-1. Стефан Терзиев беше двоен стрелец за гевгеличани на овој меч, а Михаил Милевски погоди за гостите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
