
Слога Виница е повторно лидер во Втората лига Исток откако славеше со 1-2 во дербито против Победа на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Виничани одиграа одличен меч и имаа водство од два гола, откако погодија капитенот Иван Митров во 26.минута и Давид Димитров во 64.минута.
Победа ја врати надежта со голот на Дарко Анѓелески во 77.минута, но бодовите сепак одлетаа за Виница.
Камница Саса славеше со 1-3 на гости против Детонит јуниор. Филип Димоски, Даниел Гоцевски и Дарко Алексовски стрелаа за гостите, а Славчо Јанев погоди за Детонит.
Кит Го со 2-1 го победи Братство. Бошко Ступиќ беше двоен стрелец за Кит Го, а Еркан Шаип го постигна погодокот за Братство.
Беласица и Кожуф ремизираа, 1-1. Христијан Пејков во 54.минута го доведе Кожуф во водство, а израмни Александар Коцев од пенал девет минути подоцна.
Локомотива и Осогово исто така ремизираа 1-1. Џемал Ибрахимовиќ беше стрелец за домашните во седмата минута, а Осогово израмни преку Тоше Манов во 53.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
