Брегалница и Тиквеш ремизираа 1-1 во дербито на колото во Втората лига исток. Со ова штипјани ја задржаа предност од пет бода на врвот на табелата во однос на Тиквеш.
Голема борба, интересен дшел, неколку шанси и два гола на дербито во Штип. На самиот старт од второто полувреме, Мартин Стојанов во 47.минута ја доведе Брегалница во водство. Но, Тиквеш израмни многу брзо. Ѓорѓи Мојсов во 53.минута од слободен удар ги врати работите на почеток. Поделбата на бодовите секако повеќе им одговара на фудбалерите на Брегалница, но и Тиквеш се уште се надева дека може да ја надомести бодовната негатива.
Кожуф славеше на гости против Победа со 1-2. Крсте Тодоров и Никола Костадинов стрелаа за Кожуф, а во финишот ветеранот Благоја Гешоски го постави конечниот резулат.
Слога Виница со 3-0 го совлада Осогово. Иван Митров беше двоен стрелец, еднаш погоди од пенал, а и Антонио Бујчевски се запиша меѓу стрелците.
Кит Го и Каменица Саса ремизираа без голови во Пехчево.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













