Победа ја освои Струмица славејќи со 0-1 на гости против Беласица во дерби дуелот на деветтото коло од Втората лига Исток. Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Андреј Петкоски во 81.минута од дуелот.
Слога Виница оствари победа (0-1) на гости против Каменица Саса и го држи чекорот на врвот со Победа. Виничани славеа со автоголот на Мартин Мисердовски во 32.минута од натпреварот.
Кит-Го Пехчево и Детонит Јуниор забележаа убедливи победи.
Кит-Го до нови три бода стигна со триумфот (4-0) над Локомотива. Резултатот го отвори Зоран Андонов во 29. минута, а пред крајот на полувремето Ступиќ од пенал стави крај на сите надежи на гостите. Во вториот дел Петроски си постигна автогол, а конечните 4-0 ги постави Андонов во 76. минута.
Детонит со 4-0 го совлада Братство. Андонов, Асанов и Стојанов погодија во првиот дел, во периодот од 14. до 24 минута, а Стојанов стави точка на триумфот на стартот на вториот дел.
Кожуф и Осогово ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













