Connect with us

Втора лига Исток: Непријатно изненадување за Каменица Саса, Слога и Победа сигурни

Досегашниот лидер во Втората лига Исток, тимот на Каменица Саса, доживеа непријатен пораз на гостувањето кај Братство (2-1). Дејан Настески и Самир Каришиќ беа стрелци за домашниот тим, а Каменица Саса погоди преку Митар Соколовски.

Слога Виница го искористи киксот на Каменица Саса и го совлада Кожуф со 2-1. Иван Митров погоди од пенал, а потоа Борче Картов си постигна автогол. Гостите намалија со голот на Томица Петров.

Победа го совлада Детонит Јуниор со 1-0, со голот на Дарко Анѓелески во 63.минута. Кит Го беше убедлив на гостувањето кај Осогово и славеше со 0-3. Зоран Андонов беше двоен стрелец, а автогол си постигна Дарко Спировски.

Беласица оствари триумф од 0-2 на гости против Локомотива. Васко Глигоров и Стефан Сулев беа стрелци на головите за струмичани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови