Каменица Саса го презеде врвот во Втората лига Исток, а денеска (15 часот) има нов голем испит затоа што го пречекува тимот на Кит Го. Тимот на Горан Здравков покажа дека може да одигра одлично на дерби – дуелите, во минатото коло ја освои Струмица, па ќе се обиде да го повтори изданието и против „трговците“ од Кит Го.
Слога Виница и Беласица исто така имаат големи амбиции на Истокот, а денеска ќе имаат меѓусебна пресметка. Ова е натпревар за шест бода, кој ќе победи ќе го отвори патот во трката за самиот врв.
Кожуф го очекува гостување кај Братство, Осогово е домаќин на Детонит, а Победа ќе биде гостин на Локомотива Градско.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













