
Каменица Саса не е веќе изненадување, туку еден од фаворитите за највисок пласман и влез во елитата. Овој тим оствари голем триумф над Кит Го славејќи со 2-0, со головите на Филип Димоски во осмата минута и на Мартин Мисердовски во 28.минута од дуелот. Со тоа Каменица Саса го чува врвот на табелата во Втората лига Исток.
Дерби се играше и во Виница каде Слога и Беласица ремизираа 1-1. Бојан Иванов во 20.минута го отвори резултатот, а четири минути подоцна возврати Александар Милушев.
Победа беше убедлива на гостувањето против Локомотива и славеше со 1-4. Џемал Ибрахимовиќ во четвртата минута погоди за водство на домаќинот, но Бојан Спиркоски израмни, а Андреј Петкоски во 45. минута донесе предност за гостите од Прилеп. До крајот стрелаа и Петар Најдов и Дарко Анѓелески од пенал.
Кожуф освои три бода со минимален триумф (0-1) на гости против Братство, со голот на Крсте Тодоров во 59.минута. Осогово го совлада Детонит со 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
