
Претендентите за пласнан во Првата лига во ова коло беа безгрешни. Гостивар со 1-0 ја совлада Беса, Вардар со 2-0 го победи Детонит, а Пелистер со 3-1 славеше против Арсими. Најефикасна беше Воска Спорт која со 4-0 ја декласира Каменица Саса.
Гостивар дојде до триумф со погодок од пенал што го постигна Филип Петковски во 70. минута.
Вардарци го надминаа кризниот период со триумф од 2-0 против Детонит Плачковица (2-0) што му го посветија на капитенот Дарко Мицевски, кој сериозно се повреди на мечот против Охрид.
Христијан Вецески и Дејан Цветаноски стрелаа во мрежата на радовишани.
Пелистер со 3-1 го доби Арсими, а стрелци беа Бојан Спиркоски, Борче Маневски и Никола Наумоски.
Воска Спорт беше најубедлива и славеше против Каменица Саса со 4-0. Двоен стрелец беше Бехар Фета, а по еднаш погодија Фитон Адеми и Бесарт Реџепи.
Тетекс и Борец ремизираа 1-1, а Беласица го победи Караорман со 1-0. Кожуф беше подобар од Охрид со 2-1, а утре играат Слога Виница – Пехчево.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
