Connect with us

Втора лига: Гостивар на жежок дуел со Пелистер, Вардар треба да мине лесно во Велес

Гостивар ќе биде на големо искушение на денешниот меч против Пелистер. Лидерот остана без три поради неправилен настап на фудбалерот Гордијан Христовски, па сега веќе нема предност пред конкурентите Вардар и Воска Спорт.


Пелистер од позадина чека шанса да се вмеша во битката за врвот и да ја оствари целта за пласман во елитата, па затоа денешниот дуел на стадионот „Петар Милошевски“ е од исклучително значење.

Вардар има релативно лесно гостување во Велес против Борец и би требало да освои три бода, а Воска Спорт ќе треба да покаже многу повеќе против Беса.

Детонит е домаќин на Кожуф, а во Охрид ќе гостува Арсими. Пехчево ќе ја пречека Слога Виница, додека Саса ќе игра против Слога Виница.

ВТОРА ЛИГА ДВОЈКИ, 19.КОЛО (Денеска 14 часот)

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР


БОРЕЦ – ВАРДАР

БЕСА – ВОСКА СПОРТ

САСА – СЛОГА ВИНИЦА

ПЕХЧЕВО – БЕЛАСИЦА

ДЕТОНИТ – КОЖУВ

ОХРИД – АРСИМИ
КАРАОРМАН – ТЕТЕКС (Утре)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови