
Гостивар и Пелистер ремизираа 1-1, па сега Вардар и Воска Спорт се на позициите кои водат во Првата лига. На дербито во Гостивар, домаќинот дојде во водсто со голот на Симеон Христов во седмата минута, но Благоја Љамчевски постигна фантастичен гол од слободен удар за израмнување.
Вардар очекувано славеше со 0-3 на гости кај Борец во Велес. Двоен стрелец беше Жоглев во 28. и во 36.минута, а во вториот дел погоди и Јусуфи.
Три важни бода освои и Воска Спорт на гостувањето кај Беса со триумфот од 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Албин Рамадани во првото полувреме.
Охрид на домашен го победи Арсими со 2-0. Давид Матески во 24. минута донесе водство, а Алтин Лога од пенал во 53. минута ги постави конечните 2-0.
Поради физички напад на тренерите на Беласица пред почетокот на мечот, не се одигра дуелот против Локомотива на стадионот во Синѓелиќ.
ВТОРА ЛИГА, 19. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БОРЕЦ – ВАРДАР 0-3
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 1-1
БЕСА – ВОСКА 0-1
ОХРИД – АРЕСИМИ 2-0
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – КОЖУФ 0-0
КАМЕНИЦА САСА – СЛОГА ВИНИЦА 1-0
ЛОКОМОТИВА – БЕЛАСИЦА НЕОДИГРАНО
УТРЕ: КАРАОРМАН – ТЕТЕКС

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski