Втората лига продолжува од таму каде што застана, Гостивар е на врвот, а веднаш зад нив се Вардар и Воска. Се чини дека тоа се трите тима, заедно со можеби и Пелистер, кој сепак бодовно заостанува, што ќе бидат во трката за влез во елитата.
Гостивар денеска го пречекува четвртопласираниот Детонит Плачковица и сака триумф за да го задржи врвот. Вардар ќе има релативно лесна задача против Тетекс (овој меч се игра во Велес), а на голем испит е Воска.
Нив ги очекува езерското дерби со Охрид, тимот кој е способен да ги победи најдобрите.
Беласица на домашен терен го пречекува Кожуф, а Слога Виница е домаќин на Аресими. Пелистер ќе гостува кај Локомотива Пехчево, а Каменица Саса ќе се сретне со Караорман.
Беса има лесна задача против Борец.
Натпреварите почнуваат од 13 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













