Вардар мора да се помири со третата позиција на табелата, а Пелистер има уште една неуспешна сезона и ќе мора и следната година да игра во второлигашка конкуренција. Во една ваква ситуација, големото дерби на македонскиот фудбал меѓу Вардар и Пелистер не носи премногу голема возбуда. Но, секако е вредно за одбележување, поради традицијата и респектот кон двата големи клуба. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“.
Битката за врвот е разрешена, Воска Спорт веќе се промовира во нов прволигаш, а слави и Гостивар од втората позиција. Затоа е интересно во борбата за опстанок каде денеска фокусот е на дуелот меѓу Тетекс и Кожуф.
Воска Спорт го пречекува тимот на Детонит Плачковица, а Гостивар ќе брои голови против Борец.
Беса е домаќин на Караорман, Каменица Саса ја пречекува Локомотива Пехчево, а Беласица ќе игра против Арсими. Слога Виница ќе го нагости Охрид Лихнидос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













