
Брегалница со пресврт во последните десетина минути успеа да го победи Аресими со 2-1 во најинтересниот натпревар од 12.коло во Втората фудбалска лига. Шефит Шефити го доведе Аресими во водство со прекрасен гол, но израмни Зоран Даноски во 83.минута, а Давид Калпачки постигна победнички погодок во 91. минута од дуелот.
Македонија ЃП го чува лидерското место откако го победи Борец во Велес со 0-2. Двоен стрелец бепе искусниот напаѓач Симеон Христов. Тој во 60.минута го отвори резултатот, а во последните моменти постигна и втор погодок за потврда на триумфот.
Кожуф и Охрид ремизираа без голови, а Осогово славеше против Победа со 4-1. Паунов беше двоен стрелец, а погодија и Симоски и Фикрет.
Детонит Плачковица ја совлада Беласица со 2-1.
На „Автокоманда“ се случи голем инцидент, откако фанови влетаа во терен, имаше прекин, а на крајот ФК Скопје славеше против Башкими со 2-1. Новаци на гости го победи Вардарски (0-2), а и Каменица Саса триумфира против Вардар Неготино (0-1).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
