
По пет години во репрезентативна пензија, Златан Ибрахимовиќ ќе го гледаме повторно во дресот на Шведска. Тој ќе се обиде да им помогне на помладите избраници на Јане Андерсон да стигнат до Светското првенство во Катар идната година, а има и големи шанси да настапи на Европското првенство во јуни.
Ибра на својот грб го носеше дресот со број „10“ цели 14 години, но сега сака да започне ново поглавје.
„Го замолив Александар Исак да ми го даде дресот со број „11“. Тој одговори, ‘Може, но да ми го вратиш за 6-7 години кога ќе се пензионираш’. Исто така, Емил Форсберг ми го понуди бројот „10“, но одбив. Ова е ново поглавје за мене, и мислам дека треба да го сменам бројот, иако тоа не значи ништо”, рече 39-годишниот напаѓач на Милан.
Инаку, Ибрахимовиќ ја почна својата репрезентативна кариера со Фудбалската репрезентација на Шведска до 21 година токму со бројот „11“, а подоцна забележа настапи со сениорите со истиот број, пред официјално да премине на „десетката“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
