Шкендија Арачиново продолжува да чекори сигурно на врвот на ВМФЛ, откако на домашен терен го совлада Кожуф со 2-0. Домаќините без поголеми проблеми стигнаа до деветтата победа сезонава, откако Амир Нухија погоди длабоко во судиското продолжение на првиот дел, а во 53. минута автогол на гостите го постави конечниот резултат.
Брегалница останува во трка за лидерската позиција со триумф на гостувањето кај Слога Виница (2-4). Виничани поведоа преку Колишев, но гостите од Штип возвратија со головите на Масевски и Калпачки уште пред паузата. Во продолжението Демири ја зголеми предноста, а и покрај обидот на домаќините да се вратат преку Ахмедов, автогол во 80. минута ги потврди трите бода за Брегалница.
Највозбудлив меч се одигра во Охрид, каде што домаќините во вистински трилер славеа над Тетекс со 4-3. Тетекс имаше предност, но Охрид направи целосен пресврт.
Фудбалерите на Скопје без голем напор го добија дуелот со Преспа на „Железарница“ со резултат 2-0.
Во Струмица се одигра вистински фудбалски спектакл. Беласица ја декласира Вардар Неготино со убедливи 8-1, а уште по првите 45 минути водеше со неверојатни 5-0.
Во борбата од средината на табелата, Детонит Плачковица и Новаци ги поделија бодовите со реми 1-1.
Осогово ја одушеви публиката во Кочани со убедлива победа од 6-0 над Победа. Тимот на домашен терен блескаше во нападот и во двете полувремиња постигна по три гола.
Саса славеше како гостин кај последнопласираната екипа Големо Коњари со резултат 1-3. Каменичани ја презедоа контролата уште во првиот дел и мирно ја приведоа победата до крај.
На табелата води Шкендија Арачиново со 29 бода, по неа се Брегалница со 27, Охрид со 24, Скопје со 23 и Беласица со 22 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













