
Македонскиот репрезентативец Енис Барди мораше да дообјаснува и да бара дополнителни документи од Македонија за да ја демантира шпанската полиција која при рутинска проверка тврдела дека фалсификувана возачка дозвола.
Барди со автомобилот „Порше Панамера“ рутински бил запрен од полицијата во Валенсија, а потоа дошло и до недоразбирање. Полицијата дополнително се посомневала во исправноста на документот, а веста во јавноста ја објави медиумот „Лас Провинсијас“.
По ова, Енис Барди излезе со соопштение на социјалните мрежи.
- Возачката дозвола која им ја покажав на службениците вчера на 5. април е валидна и издадена од службите во мојата земја.
- Утрово ја проследив комплетната документација до полициските органи, а е издаден од Министерството на внатрешни работи на Македонија.
- Мојата цел е со документацијата да ја разјаснам целата ситуација“, објави Барди.
— Enis Bardhi (@enisbardhi10) April 6, 2021

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement