
Новиот македонски прволигаш Воска Спорт доведе уште две засилувања за дебитантската сезона во елитата. Бесар Исени, кој во минатото беше еден од најталентираните играчи за врска, а го носеше дресот на Шкупи и на Вардар, ја прифати понудата на Воска. Тој играше и за Егнатија и за Феризај.
Нов голман на Воска е Бурхан Мустафа. Тој доаѓа од редовите на Академија Пандев, а претходно беше член и на Работнички, Гостивар, Борец, и неколку други клубови.
Мустафа потпиша едногодишен договор и ќе конкурира за голманската позиција заедно со Хадис Велии.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement