Аргентинскиот генијалец Лионел Меси продолжува со неверојатните достигнувања во Лигата на шампионите. На отворањето на новата сезона, Меси урна дури четири рекорди.
Не е тајна дека Барселона за најголем дел од успесите во изминатите две децении треба да му заблагодари токму на Меси. Тој на синоќешниот меч против Ференцварош (5-1) постави нови фантастични рекорди во ЛШ.
Меси првиот гол го постигна од слободен удар и со тоа стави потпис дека е стрелец во 16 последовни сезони во Лигата на шампионите. Со тоа се изедначи со легендата на Манчестер Јунајтед, Рајанг Гигс, а нема сомнение дека следната сезона ќе застане на тронот и во оваа статистичка категорија.
Тоа беше вкупно 115. гол на Меси во ЛШ, но дури 69-ти во групната фаза од елитното европско клупско натпреварување. Толку нема никој во историјата.
Со погодокот против Ференцварош тој постигнал голови против 36 различни екипи во Лигата на шампионите. Тоа е третиот рекорд, со дополнување и за четврти, со оглед дека е најефикасниот капитен во историјата на ова натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













