Connect with us

Војнески за „Сауди Спорт“: Македонија и Саудиска Арабија се селекции во подем

Репрезентацијата на Саудиска Арабија е првиот ривал на Македонија во овој септемвриски прозорец. Пријателскиот меч се игра денеска, од 17 часот, на стадионот на Викторија Жижков во Прага.

Во оваа пригода, македонскиот тренер Славчо Војнески, актуелен тренер на саудискиот клуб Ал-Оробах, за „Сауди Спорт“, го анализираше мечот, зборуваше за значењето на пријателскиот дуел и даде проценка на квалитетите на двете селекции.

Војнески потенцира дека пријателскиот меч меѓу Саудиска Арабија и Македонија претставува одлична можност за двете селекции да тестираат нови играчи. Тој забележа дека и покрај различниот стил на игра, двата тима во последните години покажале значителен напредок.

Тој објасни дека ваквите натпревари не се помалку важни од официјалните, бидејќи им овозможуваат на играчите да го претставуваат својот национален тим, што е голема чест за секој фудбалер. Исто така, Војнески истакна дека и стручните штабови ќе имаат голема корист од ова искуство.

За македонската репрезентација, Славчо Војнески забележа дека тимот ужива во одлична кохезија и добар баланс во сите линии, но дека некои клучни играчи немаат доволно минути со своите клубови, што може да влијае на нивната физичка подготвеност.

За саудиската репрезентација, Војнески го истакна значителниот развој на фудбалот во таа земја во последните години, посочувајќи дека учеството на седум Светски првенства ѝ дава посебен статус на меѓународната сцена. И покрај неколку неуспеси во последно време, македонски тренер смета дека „Зелените соколи“ сè уште поседуваат играчи со висок калибар и голем потенцијал.

Војнески истакна дека саудиските играчи се способни да го следат европскиот стил по брзина, но вистинскиот предизвик е да ја одржат таа силна игра во текот на целиот меч.

Што се однесува до самиот натпревар, тој очекува отворена и напаѓачка игра од двете страни, нагласувајќи дека навивачите ќе видат силен и возбудлив фудбал.

Тој посочи и неколку најистакнати играчи во саудиската репрезентација, меѓу кои Салем Ал-Давсари, кој го опиша како еден од најдобрите фудбалери во Азија, како и Сауд Абдулхамид и Фирас Ал-Брикан, кои се клучни членови на селекцината на „Зелените соколи“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови