
Барселона ги договори условите за ангажман на Војчех Шчесни. Поранешниот голман на Арсенал и Јувентус ќе се врати од фудбалска пензија и до крајот на сезоната ќе настапува за каталонскиот клуб како замена за повредениот Марк-Андре тер Штеген.
Полскиот голман донесе одлука да се повлече од фудбалот пред еден месец, откако го раскина договорот со Јувентус. Сепак, понудата од Барселона не можеше да ја одбие.
Шпанските медиуми објавуваат дека Шчесни ќе потпише договор до крајот на јуни следната година, а за тоа ќе добие плата од три милиони евра, со можни бонуси.
Иако е слободен играч, бидејќи имаше договор со торинскиот клуб и за тековната сезона пред неговото раскинување, Барселона ќе мора да договори отштета за него, по што тој би се приклучил на новиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
