Од трансферот на Виктор Осимен во Челси најверојатно нема ништо. Ова откако Нигериецот во финалните преговори побарал неделна плата од фантастични 589.000 евра.
Раководството на Челси не е подготвено да ги исполни овие барања на напаѓачот на Наполи и речиси сигурно ќе се насочи кон други опции за ангажман на нов голгетер.
Осимен инсистира на трансфер од Неапол ова лето, но и премногу се цени самиот, а и „наполитанците“ не сакаат да ја спуштат сумата која стои како отштетна клаузула во договорот од 130 милиони евра. Поради ова, претходно од трката се откажа Пари Сен Жермен, а сега полека од преговорите се повлекува и Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













