
Српската јавност е шокирана од наводниот секс скандал во националниот тим, кој во петок игра против Швајцарија за пласман во осминафиналето на Светското првенство. Ситуацијата во тимот стана тензична, но српскиот напаѓач Душан Влаховиќ излезе на прес во друштво на соиграчот Филип Костиќ.
„Жал ми е што морам вака да ја започнам прес-конференцијата за Светското првенство. Мислам дека е непотребно да се зборува за било што, морам да реагирам и да се изјаснам бидејќи се работи за мене и моето име. Работите што ги читаме се сериозни глупости и небулози.Тоа го прават луѓето на кои им е здодевно и кои немаат што да прават во слободното време затоа што се искомплексирани, лути, лути на некого…“
„Очигледно работат против интересите на репрезентацијата. Атмосферата никогаш не е подобра, обединети сме, ништо не е сменето. Сакам да го заштитам интегритетот на името и ќе се бранам правно и законски ако треба. Не е првпат да се случува ова. Никогаш не сум се огласил, но сега морам да реагирам“, изјави Влаховиќ.
Тој побара поддршка пред клучниот меч за пласман во осминафиналето на СП.
„Наместо да нѐ поддржат, тие зборуваат за работи кои немаат врска. Нема никакви проблеми меѓу мене и тренерот. Напишав дека јас секогаш сум подготвен затоа што можам да играм за Србија и со една нога. Но, ако е во интерес на тимот да бидам на клупата, тогаш ќе биде така“, изјави Влаховиќ.
„Мојата изјава не се однесува на новинари. Да се создава таква атмосфера и да лаже не е во ред. Не излегов да се објаснувам, туку да го заштитам моето име и презиме“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке
