Connect with us

Влаховиќ не се враќа до крајот на јануари

Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ играше повреден на Светското првенство, а тоа ја продолжи агонијата со која се мачи подолг период. Напаѓачот никако да се опорави и ќе го нема во дресот на Јувентус до крајот на јануари.

Според италијанските медиуми, Влаховиќ ќе ги пропушти следните три натпревари на Јувентус, против Наполи, Аталанта и против Монца.

Постоеја најави и за негов можен трансфер во Премиер – лигата, но и повредата влијаеше дел од клубовите да се “оладат”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови